Брзо

За да аплицирате за извод, потребно е најпрво да се регистрирате ил доколку сте регистрирани да се најавите со корисничко име и лозинка

Ефикасно

Поднесувањето на барањето и аплицирањето за извод на страницава мора да биде лично. Барање може да поднесат физички и правни лица (адвокат, нотар и извршител)

Безбедно плаќање

Вашиот извод може да го платите со помош на VISA,MAster или MAESTRO картичка и истиот може да го добиете на три начини

Извод од матична книга на родени

Зошто да нарачате online извод од матичната книга?

Едноставност.

Ние направивме лесна и едноставна апликација за нарачување на изводи на родени, венчани и умрени, каде што целиот процес има јасни инструкции и лесни карактеристики за уредување кои ќе помогнат да се осигура точноста на вашата нарачка. Тоа е лесно!

Брзо.

Во брзање сте да го добиете вашиот извод, а при тоа да не чекате редици на шалтерите? Ние ќе ви овозможиме да се забрза секоја процедура за да го добиете сертификатот ( изводот) што е можно побрзо само со поднесување на електронското барање. Откако изводот ќе ви биде изработен ќе добиете нотификација на вашиот е-маил за да го подигнете истиот.

Безбедност.

Бидејќи кражбите на идентитет се во пораст, ние се залагаме за безбедност и заштита на вашиот идентитет онлајн. Побарувањето на изводот бара одредени (спрецифични) лични информации; сепак ние активно ги заштитуваме вашите информации со вклучување на строги мерки за безбедност во текот на нашиот процес, вклучувајќи целосна енкрипција и firewall заштита за вашата целосна онлајн трансакција.

Трошоци.

Наречувањето на извод од матична книга на родени по електронски пат нема да ви земе дополнителни трошоци од вообичаената такса и цена на изводот, и истите се подетално објаснети во делот ЧПП (Често поставувани прашања).

Што треба да знаете.

За да нарачате извод преку нашиот портал треба да знаете дека само лично може да поднесете барање за изводот, не може да нарачате извод за друго лице. Исто така извод може да нарачаат нотари извршители и адвокати со прикачување на полномошно од лицето за кое се однесува изводот, и потврда од судско решение за оправдување на барањето на извод.

ИНФО
МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА

УПРАВА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИТЕ КНИГИ

Бул. Св.Кирил и Методиј 54
1000 Скопје, Р.Македонија

E-маил: contact@uvmk.gov.mk
Тел: 02 3223-787
Fax: 02 3215-496